Кога креативноста станува штит за природата
Погледнете ги скиците и дигиталните постери кои се родија како одговор на еден голем предизвик – зачувување на бисерот на нашиот регион, планината Јабланица. Под менторство на илустраторот Енкел Дика, учениците од гимназијата „Д-р Ибрахим Темо“ од Струга...
Меѓународен ден на шумите
Денешниот ден не е само симбол на природата, туку и на заедништвото. Годинава, Меѓународниот ден на шумите го одбележавме таму каде што започнува секој голем сон – кај најмладите. Нашите заедници во Вевчани и Струга станаа побогати за нови костенови садници кои ги...
Го означивме почетокот на една нова приказна во Вевчани!
Изминатиов петок, просториите на Мултикултурниот центар во Вевчани беа исполнети со љубопитност и нова енергија. Ја одржавме воведната средба од програмата „Фотографија, цијанотипија и еколошка свест“, плод на соработката помеѓу Еко-свест и Зрно Фестивал / Zrno...
Чисти извори за бистри реки: Акција во Вевчани!
Во пресрет на утрешниот Меѓународен ден на реките, денес решивме да дејствуваме директно кај самиот почеток – на Вевчанските Извори. Нема чисти реки без здрави и заштитени извори! Денешната акција за чистење беше вистински пример за тоа како младите можат да ја водат...
ВЕВЧАНСКИ ИЗВОРИ
Вевчанските извори се наоѓаат на 900 м н.м. Во 1997 год. се прогласени за Споменик на природата. Од центарот на Вевчани до самиот локалитет, патот е асфалтиран и има околу 550 метри, а се стигнува за околу 7 минути со пешачење. Вевчанските извори се одликуваат со доста богата биолошка разновидност и се едни од најпосетените места во Македонија од домашни и од странски туристи.
За време на вечерните и ноќните часови, изворите можат да се посетат бидејќи се насекаде осветлени, поставени се и подводни рефлектори со што водата добива посебна убавина. Изобилството на вода, и пештерата од која таа извира е посебна атракција за привлекување на домашни и странски туристи, на самото место има маси со клупи за одморање, изграден е видиковец, а се наоѓаат и три помали цркви кои секогаш се отворени за посета. Локалитетот во изворот поседува инфо-табли од кои туристите можат да се информираат за биолошката разновидност во локалитетот.










