Функционалности

Статистика на закажани термини и остварен промет

Можност за следење на бројот на закажани термини за секој вработен, како и остварениот промет од истите

Целосно прилагодлива форма за зажакување

Клиентите можат брзо да изберат услуги, вработени, локација, датум и време, детали за плаќање и да ги променат сите поставки без да ја напуштат страницата за закажување. Целиот процес на закажување вклучува неколку интуитивни и лесни чекори.

Автоматизирани нотификации и потсетници

Можете да испраќате известувања и потсетници преку е-маил или SMS. Постои и опција да изберете дали сакате да испратите до клиентите, вработените или и двете. Покрај испраќањето потсетници за претстојните резервирани термини, можете да испраќате известувања за статусот на секој термин (успешно резервиран, откажан…). Па дури и автоматски да им го честате роденденот на вашите клеинти.

Оставање на депозит при резервација

Со оваа можност сте заштитени од празните термини и не појаувањето на вашите клиенти. Се врши интеграција со ваша банка каде дирекно го добивате самиот депозит при резервација, додека пак клиентот си добива емаил со доказ за оставениот депозит.

Подршка за повеќе локации на вашиот бренд

Ако имате неколку деловни локации, можете ефикасно да управувате со нив, внесувајќи контакт информации, услуги кои се нудат, како и вработени за секоја локација засебно.

Целосна флексибилност на вашите вработени

Ефикасно управувајте со распоредот на вработените, информациите за контакт, обемот на работа и достапноста со нашиот напреден систем за распоред на вработени. Ја имате целосната контрола да поставувате работно време, работни денови и денови за одмор за секој од вработените

Поддршка за повеќе од еден јазик на алатката

Нашата алатка е флексибилна и може да се преведе на било кој светски јазик што ви е потребен. Тоа го правите дирекно од админ панелот. Преведете ги сите делови од алатката со неколку кликови.

Креирање купони за попуст

Креирајте и следете го користењето на купони за попуст – за сите или некои специфични услуги, со одредено ограничување за користење, фиксен износ за  попуст или процентуален. Клеинтот ќе може да го внесе купонот на самата форма за резервирање.

Пакети од повеќе услуги

Охрабрете ги вашите клиенти да купуваат повеќе со здружување на единечни или повеќе услуги во пакет. Можете да ја поставите цената за целиот пакет за вашите клиенти да имаат еден вид на попуст при купувањето на пакетот услуги. На пример пакет од повеќе третмани кој ќе биде по помала цена од купување на истите поединечно

Термини кои се повторуваат

Погрижете се вашите клиенти да станат ваши клиенти што секогаш се враќаат, така што ќе им дозволите да закажуваат повеќе периодични термини одеднаш. Изберете дали терминот за секоја од услугите ќе се повторува дневно, неделно, месечно или годишно. Одржувајте ги вашите клиенти редовно задоволни.

Групни термини

Услугите не мора секогаш да бидат индивидуални – нашата алатка поддржува и групни резервации (на пример групни масажи). Секоја услуга може да има минимален и максимален капацитет.

Ресурси кои се користат за услугите

Можете да споделувате опрема, материјали, столици или какви било други ресурси помеѓу вработените. Доколку клиентот одбере услуга за која е потребен било каков ресурс ќе му бидат достапни само оние термини во кои и вработениот е достапен но и ресурсот кој е потребен за да се изведе самата услуга 

Произволно времетраење на секоја од услугите

Искористете ја целосната флексибилност, конфигурирајте ги работните часови и паузите поединечно по услуга и комбинации на вработени. Истотака со можност да си сетирате и времетрање за секоја услуга (доколку сте фиксно времески ограничени за секоја од улугите)

Целосно конфигурабилна форма за резервирање

Покрај основните полиња кои треба да ги внесе клиентот (име, презиме, телефонски број, емаил) имате можност сами да си додавате дополнителни полиња на формата за резервација. Соберете ги сите потребни информации од вашите клиенти.

Категоризација на услугите

Без разлика колку различни услуги нудите, компактно можете да ги сместите во категории со цел клиентот да лесно да пребарува низ формата за резервација.

Факултативи за секоја услуга

Конфигурирајте дополнителни услуги или специјални третмани обезбедени дополнително со самата услуга, кои опционално можат да ја зголемат цената на избраната услуга.

Посебен админ панел за секој вработен

Вработените можат да се логираат и да менаџираат со нивните термини, да управуваат со нивниот распоред, работно време, слободни денови. Вработените можат да управуваат со цената за нивните услуги, како и со капацитетот. Сето ова е опционално и исто така може да не се дозволи

Посебен админ панел за секој од клиентите

Редизајнираниот панел за клиенти нуди лесен преглед на закажаните терминии, како и можност клиентот да го презакаже или откаже својот термин

Можност за додавње на стикери за секој вработен

Подобрете го вашето искуство со резервации со приспособливи стикери, додавајќи професионален допир и зајакнување на идентитетот на вашиот бренд. Овие стикери не само што ја прикажуваат вашата посветеност на исклучителна услуга, туку и обезбедуваат брз и лесен начин за клиентите да го идентификуваат и да му веруваат на вашиот посветен тим.

Можност да им креирате линк за плаќање на вашите клиенти

Дозволете им на клиентите практично да ги завршуваат трансакциите преку персонализирана и безбедна врска за плаќање испратена преку е-пошта или во рамките на нивниот клиентски панел.

Историја на закажани термини за секој клиент

Можете лесно да ја прегледате историјата на закажани термини за секој ваш клиент дирекно од табот за клиенти

Можност да блокирате одреден клиент

Некој од вашите клиенти не се појавува на закажаните термини термините. Со оваа опција можете истиот да го блокирате и тој повеќе нема да може да закаже термин со внесените лични податоци (име, презиме. телефонски број или емаил). Доколку нешто од овие податоци се совпадне со некое друго идно закажување истото ќе биде одбиено автоматски.

Кошничка за термини

Функцијата кошничка им овозможува на клиентите да резервираат повеќе услуги во рамките на еден процес на резервација. Тие можат да го менуваат својот избор со бришење или уредување услуги и да изберат различни датуми, часови, вработени и локации (ако се достапни).

Настани и едукации

Оваа опција е највеќе наменета доколку вашиот бренд нуди најразличен тип на едукации. Можеби еднаш или два пати месечно правите некаква работилница во која сакате да ги вклучите и вашите клиенти.

Купување карти за настаните

Клиентот си плаќа карта за присуство на настаните и едукациите. Плаќањето може да биде интегрирано со ваша банка, исто ако и опцијата за оставање на депозит

Листа на чекање ако капацитетот на настанот е пополнет

Доколку капациететот на одреден насатан е пополнет овозможете им на клиентите да се пријаавуваат во листа на чекање.

Интеграција со Apple Calendar

Можност клиентите да го префрлат нивниот закажан термин дирекно во нивниот Apple Calendar со еден клик. Истотака интеграцијата се однесува и на вработените, закажаните термини на нивно име автоматски се додаваат во нивниот Apple Calendar

Интеграција со Google Calendar

Можност клиентите да го префрлат нивниот закажан термин дирекно во нивниот Google Calendar со еден клик. Истотака интеграцијата се однесува и на вработените, закажаните термини на нивно име автоматски се додаваат во нивниот Google Calendar

Интеграција со Google Meet

Можност клиентите да го префрлат нивниот закажан термин дирекно во нивниот Google Calendar со еден клик, како и да се пријавуваат на вашите онлајн настани и едукации со инстант потврда и пристап до линк за Google Meet.

Интеграција со Native Zoom

Вашите клиенти можат да резервираат термини за онлјан настани и услуги (доколку имате таков тип на услуги и настани… онлајн консултации или едукации) и да добијат линк за пристап до нив преку Zoom.

Интеграција со Facebook Pixel

Интеграцијата на Facebook Pixel во рмките на нашата алатка ви овозможува да ја следите активноста на посетителите, да ги следите конверзиите и да ги оптимизирате вашите маркетинг стратегии за подобрени перформанси на веб-страницата.

Интеграција со Google Analytics

Следете ја активноста на посетителите, конверзиите и анализирајте ги перформансите на маркетингот со интеграцијата на Google Analytics.

... следат уште многу нови

Planora
  
.mk